Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија
Непојмливо е за жителите на РМ како е можно по толку
помонати години од осамостојувањето на РМ и промената на еконоско-политичкиот
систем, земјоделското производство и добиениот доход од него да биде на толку
ниско скалило. За таквата состојба веројатно влиаеле разни фактори. Но сега,
јас мислам, ако се сакаме себеси и иднината на младите поколенија во нашата
држава, сите релевантни чинители во државата да го свртат вниманието кон
основната база за стабилен и побрз економски развој – земјоделието.
Со зголеменото внимание и инвестирање во земјоделието не
треба да се намали интересот за инвестиции од надвор, бидејќи тие носат и
технолошки напредок. Со оптимално користење на домашниот потенцијал за
зголемување на вработеноста и националниот доход, угледот на нашата држава ќе
се зголеми кај потенцијалните надворешни инвеститори. Со инвестирањето во
домашните ресурси многу повеќе ќе расте вработеноста и националниот доход во државата,
а со тоа ќе растат и личните доходи на вработените.
Затоа предлагам релевантните државни институции во
содејство со стопанските комори и стручните земјоделски здруженија да ги
превземат следните дејствија:
1.
Да се изврши стручно и брзо реонирање на земјоделските
површини во Македонија. Со реонираето на производни реони и подреони, позитивен
одраз ќе има во квалитетот и квантитетот на производите од единица површина.
2.
Да се изврши брзо и безплатно педолошко испитување на
земјоделските површини, за да се изработи педолошка карта во Македонија. Изработката
на педолошката карта ќе има влијание во намалувањето на трошоците во
производството и во подобрување на квалитетот на производите.
3.
Да се донесе правна регулатива за активирње на целиот
земјишен фонд во државата во производни цели. Со вклучување на целата
земјоделска површина во производни цели, ќе може да се очекува целосна
реализација на програмата за развој на земјоделието на РМ. Законските прописи да го пропише следното: Сите
сопственици на земјоделско земјиште се обврзуваат редовно секоја година да го
обработуваат своето земјоделско земјиште, а доколку не се во можност тоа да го
чинат потребно е истото да го понудат на агенцијата за унапредување на
земјоделието со седиште во Битола, со согласност истото да биде понудено на
земјоделци кои сакаат да обработуваат повеќе земјиште. Со законот агенцијата е
обврзана да анимира прку огласи заинтересирани земјоделци. Агенцијата е должна
да посредува во потпишувањето на договорите меу закупците и закупецодавачот.
Поседувачите на необработено земјоделско земјиште се должни во одреден рок да
го рпијават земјиштето во агенцијата, а ако тоа не го сторат истите ќе се
санкционираат.
4.
Целокупното арско ѓубриво и сите органски одпадоци во
Македонија да се претвараат во хумус, преку одгледување на калифорниси црвја.
Одгледувањето на калифорниски црвја е најголемиот потенцијал за брз и голем
економски раст во РМ. Со одгледувањето на црвјата покрај добивање на
најквалиттното ѓубриво хумус, се добива и протеинска храна месо од црвјата како
директна храна за риби, прасина, бројлери, кокошки несилки, а преку
преработката на црвјата протеинско брашно за правење концентрат за исхрана на
стоката. Амерички стручни лица од оваа проблематика се имаат произнесено дека
доходот добиен од одгледување на калифорниски црвја може да се споредува само
со доходот добиен од електрониката.
5.
Да се зголеми производството на сите врсти месо:
говедско, свинско, пилешко и преработните од месо до потребите на пазрот во РМ.
За да се изврши супституција на увозот на овие производи. Македонија не смее да
продолжи со таков „луксиз“ како земјоделска земја, грото месо да го увезува, а
увезуваме и од индустриски најразвиените земји во светот Германија и Австрија. Во РМприродните услови за одгледување на поголем број
овци и кози е идеален. Квалитетните млечни прозиводи од овци и кози на
светскиот пазар се дефицитарни. За сегашните количини на јагнешко и јарешко
месо има пазар. За зголемените количини на јагнина и јарина се отвара големиот
кинески пазар. Зголемениот број на стари овци и кози преку преработка во сушено
месо ќе можат да најдат пазар во арапскиот свет и пошироко како и на домашниот
пазар. Кожите претставуваат одлична сировина за зголемен развој на кожарската
индустрија во РМ. Волната и козината претставуваат база за поширок развој кај
текстилната индустрија за волнени покривки (ќебиња), килими со врзалки и
домашни ракотворби од домашни сировини. Проблемот кој често се изнесува како
ограничувачки фактор за развој на тој вид сточарство се овчарите но, доколку се
подобрат условите на овчарите и козарите во сите сегменти, проблемот ќе
изчезне. За рентабилно сточарство неможе да се зборува без воведување на расов
состав на добитокот, а кај овците преку вкрстување на домашната раса со
попродуктивни како аваси и други раси. Затоа се наметнива прашањето за
формирање на центар за одгледувње на расов добиток во РМ. Центарот треба без
наплата да врши осеменување и вкрстување на добитокот.
6.
Да се донесе правна регулатива за брзо окрупнување на
малите земјоделски парцели во целата држава. Со окрупнувањето на малилте
парцели ќе се намалат производните трошоци по единица производ, а со тоа нашите
земјоделски производи ќе бидат поконкурентни на ино пазарите. Исто така со разорувањето
на меѓите ќе се добие и нешто поголема површина. Окрупнувањето на земјоделското
земјиште да се реализира преку формирање на блокови, формирање на задруги,
комасација и откуп. Откупот на замјоделски парцели може да се врши со сопствен
капитал и со добивање на бенефицирани кредити од фонд на државата.
7.
Да се зголеми производтвото на поинтензивни земјоделски
производи, како и производство на тритикалето. Како поинтензивни култури што во
Македонија можат добро да успеваат се: ориз, компири, памук, кикири, сусам,
наут, шеќерна репа, лешта, семенски материја, афион, аронија, киви, лешници,
ореви, јапонско јаболко, вишни, малинки, капинки, грозје за сушење, смокви за
сушење и др. Со зголемување на поинтензивни култури, доходот по единица
површина во споредба со житните култури ќе се зголеми во просек за неколку
пати. Со зголемувањето на производството на тритикалето (тоа успева на
посиромашни и посуви површини, а дава поголем принос од хектар површина од
пченицата) се овозможува во Македонија да се производува интегрално брашно и
интегрален леб за кое што е заинтересиран пазарот во Македонија.
Семенскиот материјал потребно е да се произведува во кооперантски односи со странски фирми (САД, Холандија, Германија и др.) Со ангажирањето на сите релевантни фактори во РМ извозот на наливно вино (сировина во цистерни) да се замени со извоз на амбалажирано вино, кое не само што ќе го зголеми девизниот прилив за неколку пати, а тоа ќе овозможи порелаксирани услови за откупните цени на винското грозје, односно можност за повисоки откупни цени. За обезбедување на земјоделците со квалитетен и со добри цени посадочен материјал, потребно е со државно приватен капитал да се формира центар или центри во РМ.
Семенскиот материјал потребно е да се произведува во кооперантски односи со странски фирми (САД, Холандија, Германија и др.) Со ангажирањето на сите релевантни фактори во РМ извозот на наливно вино (сировина во цистерни) да се замени со извоз на амбалажирано вино, кое не само што ќе го зголеми девизниот прилив за неколку пати, а тоа ќе овозможи порелаксирани услови за откупните цени на винското грозје, односно можност за повисоки откупни цени. За обезбедување на земјоделците со квалитетен и со добри цени посадочен материјал, потребно е со државно приватен капитал да се формира центар или центри во РМ.
8.
Да се зголеми производството на сточна храна према
потребите на сточартвото. Со производството на доволно количество сточна храна
ќе се стабилизира цената на истата, а со тоа се обезбедува и стабилен развој на
сточарството. Здруженијата на рибари заедно со државата да создаваат услови за
производство на домашна храна за риби.
9.
Воведување на планско производство на поважните
земјоделски производи со гарантирање на минимална откупна цена. Со воведувањето
на планското производство на поважните култури, ќе се обезбеди стабилно
земјоделско производство со стабилни цени и стабилен доход.
10.
Изнаоѓање на употребна вредност на волната и козината,
како на пример: изработка на килими со врзалки (персиски), изработка на
покривки – волнени ќебина, рачни изработки и др. Со изработка на производи од
волна и козина ќе се подобри доходовноста на сточарството и зголемување на
доходот на Македонија од домашни сировини. За производство на волнените
покривки (ќебиња), за испредување на потката, веројатно ќе треба некоја
количина на помека волна да се увезува од Нов Зеланд.
11.
Изготвување план со постапно реализирање за зафаќање на
сите истечни води во акомулации во Македонија со забрзано воведување на
наводнување „капка по капка“ со поддршка на државата. Без наводнувае нема
стабилност во приносите на земјоделските култури.
12.
Пчеларството со поголема помош од државата и едукација на
пчеларите за да стане подоходовно, треба да се користат сите пчелни производи:
мед, млеч, полен, прополис, пчелин отров, матици и восок. Со зголемување на
доходовноста на пчеларството ќе се зголеми масовноста на пчеларите одгледувачи
како и бројот на пчелните семејства. Во Македонија има природни услови за
двократно и повеќе зголемување на пчелните семејтва. Со зголемување на
бројот и количините на пчелните
производи ќе се овозможи и индустриска преработка на истите и проширувае на
пазарот надвор од РМ.
За успешно да се реализира сето напред искажано, потребно
е да се води долгорична стабилна економска политика према земјоделието од
страна на сите чинители во државата.
При промена на партискиот состав во владата не смее да
има промена на земјоделската политика на државата кон влошување на
условите за стопанисување на
земјоделците. Тоа практично доаѓа како консензус меѓу партиите, а тоа би
требало да егзистира во реалноста.
За целосна и брза имплементација на програмата за развој
на земјоделието, државата треба да биде целосно активна во секој поглед.
Едукација на земјоделците
1. Едукацијата за одгледување на калифорниски црвја и
производство на хумус - биоѓубриво, потребно е запознавање на потенцијалните
производители во подробности, ако
сакаме да дојдеме до брз и целосен
успех. Веројатно е дека ќе има потреба и од практични семинари кај некои
одгледувачи на калифорниски црвја.
2. Едукација треба за сите култури кои се или ќе се
произведуваат во РМ освен традиционалните. Едукацијата треба да го опфаќа
целиот процес од садење до берење и вскладиштување.
3. Јас мислам тритикалето може да биде потенцијална
основа за производство на диетален леб во РМ и заслужува земјоделците да имаат поголеми
сознанија за него. Имам сознанија дека Полска има големо производство на
тритикале.
4. Во
пчеларството се е познато, но за да го подигнеме да биде подоходовно, потребно
е сите пчелни производи да се собираат и изнесат на организиран пазар. Доходот
по пчелно семејство неколкукратно ќе се зголеми.
Заклучок:
Ако се реализира програмата за развој на земјоделието во
релативно краток период ќе се постигнат следните резултати:
1.
Невработеноста во Македонија може битно да се намали.
2.
Годишната стапка на пораст на националниот доход во
државата може да достигне и над 6%.
3.
Минусната трговска разлика со странство во голема мера ќе
се подобри.
4.
Во Македонија ќе се создадат услови за изградба на нови
индустриско преработувачки и сместувачки капацитети како и проширување на
постојните.
5.
Со евентуално зголеменото производство на тритикалето и
изградба на млин за производство на интегрално брашно ќе се создадат услови за производтсво на интегрален и диабетичен
леб за задоволување на потребите на пазарот во Македонија со поволни цени.
6.
Со омасовување на одгледувањето на калифорниските црвја и
производство на големи количини хумус и протеинско месо од црвјата се создаваат
услови за:
·
Зголемување на производството на еколошка храна;
·
Добри количини од хумусот да се извезат;
·
За помалите сточарски фарми извор за дополнителен доход:
·
Супституирање на увозот на протеинско брашно како компонента
на концентратот за исхрана на стоката;
·
Супституирање на дел од увозот на вештачко ѓубриво.
·
Органските отпадоци наоѓат употрбна вредност и нема да
загадуваат.
·
Со претворањето на свинскиот измет во хумус се прави
голем еколошки допринос.
7. Во голема мера ќе се
намалат социјалните случаи и сиромаштијата во Македонија.
Писаниево го направив од преголемата желба и јас да
допринесам за економскиот напредот на РМ.
Ги повикувам сите заинтересирани за економскиот напредок
на РМ за евентуални забелешки или критики на моево писание да се јават преку
интернет или мене лично. Јас сум спремен за полимизирање со стручни лица за
оваа проблематика прку интернет или лично.
Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2014 Rade Bozinovski
No comments:
Post a Comment