-->
4. Окрупнување на земјоделските парцели.
Окрупнувањето на земјоделските парцели кои се многу расцепкани мора да се изврши, доколку сакаме конкурентноста на производтсвото од тие парцели да ја зголемиме преку намалувањето на трошоците за обработка. Окрупнувањето не трпи одлагање и треба да се спроведе во цела држава. Окрупнувањето може да се спроведе преку формирање на задруги, самоздружување на повеќе сопственици со формирање на блок со еден заеднички имотен лист и со размена на парцели. Треба и тоа да се појасни дека со здружување на парцелите се бришат меѓите, а со тоа се добива и поголема површина за обработка. Државата треба да даде голема поддршка и позитивно да влиае преку стимулациите за земјоделието.
Голем економски потенцијал претставува
производтството на еколошко гноиво,
производ на калифорниските црви,
преработувајќи го арското ѓубре и сите
органски отпадоци од земјоделството и
индустријата. Вложувањата за одгледување
на калифорниски црви е минимално, а
минимална е работната рака околу
производството на хумусот од црвите.
Од 1 t превриено арско ѓубре со преработката
од црвјата се добива 600 kg хумус – еколошко
ѓубриво. Хумусот е неколку пати поефикасен
од арското губриво, а е рамно на хемиското
ѓубриво по пишувањето на литературата.
Хумусот не прави плевел како што прави
арското ѓубриво, а квалитетот на родот
третиран со хумус е многу поголем и
порано созрева за неколку дена. Третираните
насади со хумус се поотпорни на болести
и штеточини и се добива количински
повеќе плод од единица површина.
Калифорниските црви претворајќи го
свинскиот измет во хумус допринесуваат
за чиста околина. Исто така преработувајќи
ги отпадоците од прехранбената,
целулозната и дрвната индустрија ја
чистат околината и произведуваат хумус.
Месото од калифорниските црви претставува
одлична храна за рибите, птиците и
свињите. Месото преработено во протеинско
брашна служи за добивање на концентрат
за прихранување на стоката. Фамилиите
кои се одлучуваат да одгледуваат
калифорниски црви остваруваат доход
преку производството на хумус и месото
од црвите помал или поголем во зависност
колку легла на црвите одгледува.
Одгледувањето на црвите може да
претставува дополнување на домашниот
буџет, а ако одгледува 100-150 легла со црви
може една фамилија да си обезбедува
доход за егзистенција.
За рентабилно сточарство потребно е да
се води сметка за расовиот состав. За
покривање на трошоците кај овците и
козите примарно треба да биде млекото,
а месото да биде секундарно. Ако ова се
обезбеди, продажбата на месото на
домашниот и странскиот пазат ќе биде
олеснето, бидејќи цената ќе може да се
прилагодува према понудата и побарувачката
на пазарите. Воедно нагласувам дека
зголемениот број на овци и кози ќе го
зголеми производството на јагниња и
јариња, а тоа ќе бара и нови пазари како
што се муслиманските држави. За
муслиманските пазари јагнежкото месо
треба да се пореработува и во форма на
сувомеснати производи и да се извезува
заради транспортните трошоци на пресното
месо.
17. Откуп на тутунот.
УНАПРЕДУВАЊЕ И
МОДЕРНИЗИРАЊЕ
НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Автор Раде
Божиновски
дипл. економист
во пензија
Овде
излагам мои размислувања со предлог
мерки за забрзан развој на економијата
во Република Македонија, зголемување
на вработеноста, намалување на
сиромаштијата во државата, а сето тоа
да се реализира во главно со сопствени
сили.
Основа
на ова мое размислување е аграрниот
потенцијал на Р.Македонија. Од сите
активности што се превземани од страна
на државните институции на чело со
Владата, исто така може да се заклучи
дека аграрот претставува голем потенцијал
за економскиот развој на државата и во
тој правец е насочена политиката на
државата. Затоа моите размислувања и
предлог мерки треба да се подразберат
како дополнение на државниот концепт
– мерки.
Моите
размислувања со предлог мерки се состојат
во следното:
1.
Реонирање на земјоделските површини.
Незамисливо
е напредно и рентабилно земјоделско
производство без да се изврши реонирање
на земјоделските површини во Р.Македонија.
Со реализирање на оваа мерка се зголемува
квалитетот и квантитетот на земјоделските
производи по единица површина. Покрај
одредувањето на главните реони се
одредуваат подреони каде и кои земјоделски
производи да се одгледуваат. За да се
почитува глобално реонизацијата,
државата може да допринесе преку
воведување на разни економски мерки.
Ќе наведам само неколку примери на
природни реони. Во ресенскиот роен да
се произвдедуваат јаболка, во тиквешијата
грозје, прилепско тутун, кочанско ориз,
струмичко-валандовско-гевгелискиот
смокви, киви, ран зеленчук, кикири, памук,
сусам, јапонско јаболко, во малешевијата
малики, капинки, аронија, црни сливи
итн.
2.
Активирање во обработка на целокупната
земјишна површина во Р.Македонија.
Потребно
е целокупната земјоделска површина со
која располага Р.Македонија да се стави
во функција да носи доход.
Превземени
се сите мерки од државата за активирање
на земјоделските површини во сопственост
на државата. Јас предлагам и земјоделските
површини во приватна сопственост да
бидат целосно активирани кои претставуваат
многу десетици илјади хектари. Причините
за необработката на толкави површини
се одамна познати, но никако не е оправдано
таков потенцијал да остане неискористен.
Сопствениците на тие површини се отселени
од нивните огништа по потрага на подобар
живот во странство или во градовите низ
Р.Македонија. Старите огништа во голема
мера се сосема празни или ако има некој
останато, тие се стари и неспособни за
работа. Во исто време преку сите медиуми
државата да даде појаснување која е
целта на таквата акција и каква ќе биде
придобивката од позитивниот одзив на
таа акција. По средување на податоците
од таа акција државата преку објавување
на огласи да побара потенцијални баратели
на земјоделско земјиште за образботка.
Предноста во добивање на земјоделско
земјиште за обработка под закуп треба
да имаат соселаните на земјосопствениците.
Оваа акција државата треба да ја поддржи
финансиски (кредити со поволни услови),
а на новопојавените млади фармери да
им се дава неповратни парични средства.
Од
статистичките податоци се гледа дека
безработицата во руралните средини
била многу голема и имало земјоделци
со недоволна земјоделска површина за
нормална егзистенција. Добро би било
со оваа акција да бидат опфатени што
поголем број земјоделци, иако ваквата
мерка отстапува од пазарното стопанисување.
3.
Педолошко испитување на земјишните
површини.
Заради
важноста, педолошката карта за земјишните
површини во Р.Македонија мора да се
изработи многу брзо со 100% учество на
државата во трошоците. Примероците од
земјишните површини да се земаат стручно
од поголеми површини во зависност од
својствата на земјиштето гледано
органолептички, а не од малите сопственички
парцели. Важноста од познавањето на
педолошкиот состав треба стручните
лица да ја знаат.4. Окрупнување на земјоделските парцели.
Окрупнувањето на земјоделските парцели кои се многу расцепкани мора да се изврши, доколку сакаме конкурентноста на производтсвото од тие парцели да ја зголемиме преку намалувањето на трошоците за обработка. Окрупнувањето не трпи одлагање и треба да се спроведе во цела држава. Окрупнувањето може да се спроведе преку формирање на задруги, самоздружување на повеќе сопственици со формирање на блок со еден заеднички имотен лист и со размена на парцели. Треба и тоа да се појасни дека со здружување на парцелите се бришат меѓите, а со тоа се добива и поголема површина за обработка. Државата треба да даде голема поддршка и позитивно да влиае преку стимулациите за земјоделието.
5.
Форсирање производство на поинтензивни
култури.
Климатските услови во Р.Македонија
овозможуваат во земјоделието да се
одгледуваат голем број на поинтензивни
култури кои во моментов не се производуваат
или се произведуваат во мали количини.
Тоа ќе овозможи од единица површина да
се добие значително поголем доход со
вложување на поголем труд. Ова ќе
допринесе за олеснување на безработицата
во Р.Македонија. Како поинтензивни
култури од житариците се: малинки,
капинки, аронија, киви, компири за
индустријата, смокви за сушење, грозје
за сушење, кикири, јапонски јаболка,
памук, лешници, ореви, шеќерна репа. Сите
овие производи би се продавале како на
домашниот пазар така и на странските
пазари.
6.
Стратешки прехрамбени производи.
Несфатливо е за секој граѓанин, а и за
мене како е можно многу години наназад
држава која е претежно земјоделска како
Р.Македонија да нема доволно сопствено
производство на неколку основни стратешки
прехрамбени производи. Затоа е потребно
веднаш да се изготви план како ќе ги
задоволиме домашните потреби од јунешко
месо, пилешко месо, свинско месо и
преработки од месо. Исто така е многу
важно да се зголеми производствот на
слатководна риба, да се стабилизира
производтсвото на кравјо млеко и да се
засади доволно шеќерна репа за да
проработи фабриката за шеќер во Битола
со полн капацитет. Неоправдано е да се
трошат девизни средства за увоз на
гореспоменатите прехрамбени производи,
при условите што ги имаме и големата
безработица во Р.Македонија.
7.Воведување
на планско земјоделско производтсво
на поважните земјоделски производи.
За да се обезбеди нормална продажба на
земјоделските производи, а со тоа и
постабилни цени, потребно е да се воведе
планско годишно и долгогодишно
производтсво на поважните земјоделски
производи во Р.Македонија. Како поважни
актуелни земјоделски производи може
да се сметаат следните: јаболката,
грозјето, тутунот, оризот, кромидот,
ранскиот и полуранскиот зеленчук,
индустриската пиперка, тратешките
прхрамбени производи наведени во точка
6 и др. Голем ефект би имало во изнаоѓање
на стратешки пазари за извоз на овие
земјоделски производи, ако се ангажираат
и високи функционери и економските
промотори на нашата држава.
8.
Лимитирање на земјоделското производство
на некои прехрамбени производи.
Моја препорака е производтството на
јунешко месо, пилешко месо, свинско
месо, месни преработки и кравјото млеко
да се димензионира до внатрешните
потреби на нашата држава. Заради големото
производство на овие проиозводи во
земјите на ЕУ извозот во ЕУ би бил многу
отежнат.
9.
Формирање на центар за производство на
посадочен материјал.
За да се задоволат потребите на
земјоделството со квалитетен, количински
доволен и со добра и стабилна цена,
државата во содејство со приватен
капитал ќе поддржи или ќе отвори центри
за такво производство.
10.Хумус
– еколошко гноиво.
Затоа државата треба здраво да се
ангажира во ширењето за одгледување на
калифорниските црви, преку едукација
на населението за омасовување на
одгледувањето. Врвен ефект ќе биде
целото арско ѓубре во Р.Македонија да
се претвара во хумус и да најдат
егзистенција илјадници фамилии. Ако се
задоволат потребите на домашниот пазар
со хумус, вишокот може многу лесно за
добри пари да се извезува.
11.
Сточна храна.
Невозможно е рентабилно сточарење ако
нема доволно и добри цени сточна храна.
Државата треба се погрижи секаде каде
има можност, сточарите да ги обезбеди
со доволно земјоделски површини за да
сточарите сами да си ја произведуваат
грото сточна храна. Државата да си најде
механизам компонентите кои треба да се
увезуваат да бидат во поголеми контигенти
за постигнување на подобра цена. За
рибите треба да се најде решение храната
да се произведува во Р.Македонија, а не
да се увезива. Државата да влиае секаде
каде што има услови за наводнување да
се сее втора култура за производство
на силажа како сточна храна.
12.
Сточарство.
Природните услови и невработеноста во
Р.Македонија даваат можност за
одгледувањето на овците да се зголеми
до 3.000.000 грла, козите до 1.000.000 грла, а
говедарството и свиногојството до
задоволување на домашните потреби од
месо и млеко.
За рентабилно сточарство потребно е да
се води сметка за расовиот состав. За
покривање на трошоците кај овците и
козите примарно треба да биде млекото,
а месото да биде секундарно. Ако ова се
обезбеди, продажбата на месото на
домашниот и странскиот пазат ќе биде
олеснето, бидејќи цената ќе може да се
прилагодува према понудата и побарувачката
на пазарите. Воедно нагласувам дека
зголемениот број на овци и кози ќе го
зголеми производството на јагниња и
јариња, а тоа ќе бара и нови пазари како
што се муслиманските држави. За
муслиманските пазари јагнежкото месо
треба да се пореработува и во форма на
сувомеснати производи и да се извезува
заради транспортните трошоци на пресното
месо.
На волната и козината мора да им се најде
употребна вредност за да го зголеми
рентабилитетот на сточарството. Моето
размислување во консултација на стручни
лица за волна, може ефективно да се
употреби во текстилната индустрија за
производство на покривки – ќебиња во
комбинација со новозеландска волна во
сооднос 50:50. Исто така волната може да
се употрби во производтсвото на килими
со врзалки. Волната и козината може да
се употребат во изработка на разни
домашни ракотворби.
13.
Центарт за одгледување на расов добиток.
За да се обезбеди одржување на стабилно
расово сточарство, неминовно е отворање
на центар за произвотство на расплоден
расов добиток. Преку центарот треба да
се обезбеди бесплатно оплодување на
приватните фарми со квалитетен расплоден
материјал.
14.
Наводнување.
Без наводнување нема стабилно земјоделско
производство, посебно ако годишниот
воден талог не е распореден порамномерно
во летниот период како што е во
Р.Македонија. Затоа е потребно изградените
системи за наводнување да се доведат
во исправна состојба, да се направи план
за изградба на нови зафаќања на истечната
вода во државата и план за зголемување
на наводнувањето по системот капка по
капка каде се врши заштеда од 70% на
потрошената вода.
15.
Формирање на државна лабораторија за
испитување на квалитетот на млекото.
За да се обезбеди стабилност во податоците
за квалитетот на млекото, потребно е
лабораторијата да биде под државна
капа.
16.
Пчеларството во Р.М. има
одлични услови за развој, но бројот на
пчелните семејства е далеку од оптимално
можното. Бидејќи оваа
гранка е многу важна и неопходна за
растителниот свет, а плус таа дава и
големи приходи преку користењето на
сеопфатниот асортиман пчелни производи,
потребно е државата да даде поголема
помош во секој поглед за оптимализација
на оваа гранка во Р.М.
Со зголемувањето на
бројот пчелни семејства од една страна
и зголемувањето на асортиманот на пчелни
производи од друга страна се создаваат
услови за индустриска преработка на
сето пчелно производство. Тоа ќе овозможи
доходот од пчеларството неколкукратно
да се зголеми, пазарот да се прошири и
олесни пласманот, бидејќи ќе има зголемен
број на конзументи, заради зголемениот
асортиман на готови пчелни производи.
17. Откуп на тутунот.
Бидејќи при проценката на квалитетот
на тутунот можат да се појават разни
малверзации во класите, тежината,
примесите и влагата, потребно е при
секој откупен пинкт да има државно
стучно лице.
18.
Едукација на земјоделските производители.
За стабилно, рентабилно и зголемено
земјоделско производство, потребно е
да се едуцираат земјоделците усно и во
писмена форма за следното:
- Производтсвото на малинки, капинки, аронија, глозје за сушење, смокви за сушење, кикири, соја, наут за леблебии, тритикале, памук, сусам, шеќерна репа идр.
- Одгледување на ноеви, полжави, јунина за месо.
- Производство на хумус добиен со одгледување на калифорниски црви.
19.
Стопанска политика.
За посигурна реализација на сето напред
искажано потребно е државата, без разлика
од кои партии е сочинета владата, потребно
е да вади долгорочно стабилна политика
кон аграрот.
РЕЗИМЕ
Ако се реализира моето размислување и
предлог мерки во ова писание за
унапредување на аграрот во целост, можно
е во релативно краток период да се
постигнат следните резултати:
- Невработеноста во Р.Македонија да се преполови.
- Годишниот стопански раст да достигне и до 10%.
- Минусната трговска размена со странство во голема мера да се намали.
- Ако тритикалето се вклучи во исхраната на населението преку диетални прехрамбени производи, а производството на тритикалето да се зголеми (тритикалето дава добри резултати и на посиромашни земјишни површини) можно е Р.Македонија да се ослободи од увоз на пченица.
- Во Р.Македонија ќе се создадат услови за изградба на нови индустриско преработувачки и сместувачки капацитети и проширување на постојните.
- Со омасовувањето на производството на хумусното гноиво преку одгледување на калифорниски црви, се создава голема и основна база за зголемувањето на производството на еколошка храна во Р.Македонија.
- Во голема мера ќе се намалат социјалните случаи и сиромаштијата во Р.Македонија.
Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2011 Rade Bozinovski


друштвото за заем што ми дава заем од 5.000.000,00 УСД Кога другите инвеститори за заеми ја занемаруваат мојата понуда, но г-ѓа Бенџамин ли ми даде кредит за успех.Тие се директно во финансирање на заем и проект во однос на инвестициите. тие обезбедуваат решенија за финансирање на компаниите и поединците кои бараат пристап до фондовите на пазарот на капитал, можат да ви помогнат да го финансирате вашиот проект или да го проширите вашиот бизнис .. Контакт преку е-пошта :::: Исто така Lfdsloans@outlook.com или напишете на whatsapp Број на + 1- ( 989-394-3740)
ReplyDelete