Wednesday, November 1, 2017

Лозарството во Република Македонија

Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија


Лозарството во Република Македонија како гранка од земјоделието е доста развиена и со голема историја. За комплетирање на асортиманот покрај винското и трпезното грозје, потребно е да се засади посебна сорта на грозје без семки за сушење за производство на суво грозје. Винското грозје во Република Македонија е водечко по количини и затоа нашата држава е голем производител на квалитетни вина.
Виното е девизен артикл и за да се максимизира девизниот производ, потребно е да се доработи и амбалажира целата количуна на вино, а не да се извезува во рефузна состојба.
За да се финализира целата количина или главнината, потребно е ангажирање на државни органи во содејство со здружението на винариите, што не е едноставно.
Со зголеменото финализирање на количините на виното и реализирање на извоз ќе се зголеми девизниот финансиски ефект. Покрај зголемениот финансиски ефект ќе се постигнат и следните придобивки:

  • зголемено ангажирање на транспортот;
  • порелаксирани услови за договарање на откупните цени на грозјето;
  • зголемено вработување и
  • зголемена можност да проработи стакларницата во Скопје.
Евентуалното производство на суво грозје во Република Македонија, паричните средства би претставувале во целост девизен ефект од извозот и супституција на увозот на сувото грозје.
Спремен сум за евентуален дијалог.
21.09.2017

Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2017 Rade Bozinovski

Tuesday, April 7, 2015

Какво значење ќе има одгледувањето на калифорниски црвја за земјоделието и стопанскиот раст во Република Македонија

Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија

1. Со одгледувањето на калифорниските црвја се добива најквалитетното ѓубриво – хумус преку исхраната на црвјата со арско ѓубре и сите одпадоци од органско потекло од индустријата и земјоделието.
2. Преку преработката (исхраната) на изметот од свињите и живината како и одпадоците од лозјата и овошките и картонската амбалажа, калифорниските црвја допринесуваат за поздрава и почиста животна средина.
3. За одгледување на калифорниски црвја вложувањата се релативно мали во однос на добивката од нив. Добивката може слободно да се каже дека може да се мери само со добивката од електрониката. Ова е констатација на амерички финансиски стручни лица.
4. Бидејќи калифорниските црвја многу брзо се размножуваат (на секои три месеци леглата се дуплираат) и капиталот многу брзо се оплодува.
5. Со евентуалното одгледување на калифорниски црвја во сточарските фарми, на фармите во голема мера им се поправа финансиската положба.
6. Одгледувањето на калифорниски црвја ангажира многу малку работна сила.
7. Калифорниските црвја се одгледуват во таканаречени легла со димензии: должина 2 m, ширина 1 m и висина 0,35 m. Во едно легло се сместуваат 100.000 црвја, 1/3 возрасни, 1/3 мали црвја и 1/3 јајца од црвја. Главен ограничувачки фактор за запирање на ширење на фармите за одгледување на калифорниски црвја е ресурсот од арското ѓубре. Со прекратување на ширењето на фармата за одгледување на црвја, фармерот црвјата ги употребува како храна за стоката наместо во легла за репродукција. Едно легло со црвја годишно конзумира 1 тон прегорено арско ѓубре, а произведува 600 kg хумус и 120 kg црвја за исхрана на стоката. Црвјата се одлична храна за риби, живина и прасина, а преработена во фабрика како протеинско брашно се употребува во концентрат за исхрана на стоката.

Табеларен преглед на развојот на фармите за одледување на калифорниски црвја
Во прегледот со цифрите за полесно воочување на растот цела Р. Македонија е прикажан како да е една фарма за одгледување на калифорниски црвја и ако тоа не е и неможе да биде, бидејќи арското ѓубре не е на едно место и интересот на луѓето за одгледување на калифорниски црвја е низ цела територија на Р. Македонија.. Затоа со омасовувањето одгледување на калифорниски црвја практично ќе се појават неколку илјади фарми (одгледувачи) во цела Р.Македонија од мали, средни до големи фарми. Бидејќи ќе се појават голем број на одгледувачи, потребо е да се формираат фирми за опслужување на фармите за откуп и пласман на хумусот и црвјата како месо и легла и снабдување на фармите со репро материјал и опрема. Фирмите во прво време можеби е подобро да се државни или со мешан државно-приватен капитал.
Државата треба да превземе печатење на пишан материјал за едукација на заинтересираните како се одгледуваат црвјата и како се употребува хумусот во земјоделството и што е неговата предност над шталското и вештачкото ѓубре.
Бидејќи поголемиот дел од хумусот (после петтата година од развојот е наменет за извоз, потребно е добро проучување на надворешниот пазар. Цената на надворешниот пазар на хумусот се движи ориентационо од 200 до 250 € за 1 тон, во зависнотст од квалитетот на хумусот.
Во Р.Македонија можно е ориентационо да се оформат по петтата година од развојот 5.000.000 легла, бидејќи се смета дека ориентационо има 5.000.000 тони арско ѓубре и разни одпадоци од органско потекло.
Годишното производство после петтата година од развојот на хумус ќе изнесува 3.000.000 тони. Ориентационото количество за домашна употреба во земјоделството би била 1.000.000, а остатокот од 2.000.000 тона ќе биде наменет за извоз.
Целата количина на црвја до петтата година од развојот ќе биде ангажирана за развој, а после петтата, количината на црвја за месо ќе изнесува 600.000 тони и сета количина ќе се употребува за исхрана на стоката.
Извор на моите сознанија за одледување на црвја и хумусот е печатената стручна литература на издаваќката куќа „Нолит“ од Белград во 1984 г. по раководство на Милутин Митровиќ „Лумбрикултура гајења глиста“.
Весникот „Аграр“ кој излегуваше пред неколку години имаше објавено дека цените во Европа се движат од 200-250 € за 1 тон зависно одквалитетот, а цената на едно легло со црвја се движело 50 €.
Ако се почне во РМ во развојот со 2500 легла од црвја за 5 години би изгледало идеално вака: 2.500, 5.000, 10.000 / 10.000, 20.000, 40.000 / 40.000, 80.000, 160.000 / 160.000, 320.000, 640.000 / 640.000, 1.280.000, 2.560.000/ 2.560.000, 5.120.000/
Петтата година би ја завршиле со 5.000.000 легла и фактички добивта од 5 милиони легла ќе ја имаме од шестата година. Дуплирањето на леглата е на секои 3 месеци, освен трите зимски месеци кои се сметаат за непродуктивни. Првите две години од развојот не може да се очекува голем позитивен резултат. Третата, четвртата и петтата година има добар позитивен резултата, а најголем позитивен резултат е во големениот број на легла без да се ангажираат финансиски средства како за почетните 2.500 легла.
Најголем позитивен ефект од црвјата ќе се добие во шестата година и сите наредни години, бидејќи дотогаш голем дел од позитивниот резултат беше ангажиран во развојот односно зголемување на бројот на легла.
Затоа предлагам да го споредиме приходот за нашата држава од црвјата во шестата година со замислено отворање 300 нови фабрики од надворешни инвеститори, со просечно 500 работници, со просечно годишно бруто личен доход од 5000 €. Позитивниот резултата ќе биде неверојатно идентичен.

Производ
Количина во тони
Цена по тон во €
Доход во €
доход
Хумус за извоз
2.000.000
200
400.000.000
Хумус заа домашни потреби
1.000.000
100
100.000.000
Месо од црвја
600.000
500
300.000.000
вкупно
800.000.000
расход
Арско ѓубре и одпадоци
5.000.000
10
-50.000.000
Вкупен доход
750.000.000

Број на фабрики
Број на работници по фабрика
Вкупен број на работници
Просечен годишни издаток за еден работник во €
Годишен издаток за надворешните инвеститори во €
300
500
150.000
5.000
750.000.000

Затоа Македонија треба повеќе да се сврти за ефектуирање на внатрешниоте ресурси, а не само да чека некој од надвор да се смилува и да отвори фабрика кај нас.

Напоменувам дека проблематиката со одгледувањето на калифорниските црвја е комплексна и за да успее, потребно е да се заангажират сите релевантни фактори во државата.
Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2015 Rade Bozinovski

Tuesday, September 23, 2014

Мое размислување за зголемување на наталитетот во Република Македонија

Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија

1. За решавање на така наречената бела чума во РМ потребно е државата да донесе закон за стимулирање на новородени деца.
2. Законот да биде стимулативен само до три деца во семејството, бидејќи на повеќе деца тешко ќе биде родителите да им дадат целосна родителска љубов и нега за да ги изведат децата на прав пат. Во денешно време белиот свет е полн со турболенции и разни пороци, па ќе биде многу тешко повеќе деца во семејството да бидат под родителска контрола.
3. Со законот за стимулација се стимулираат само новородените деца од неговото стапување на сила, а за родените деца пред донесувањето на стимулативниот закон не се добива стимулација.
4. За добивање на стимулција, родителите треба да потпишат за самоограничување до 3-три деца, а во случај на пречекорување на тој праг, стимулацијата ќе се изгуби и обврска ќе биде дотогаш добиената стимулација семејството да ја врати. Фактички во пракса ќе има семејства кои ќе добиваат стимулација за 3-три деца, за 2-две деца или за 1-едно дете во зависност од тоа дали семејството имало деца и колку кога стапил стимулативниот закон на сила.
5. Стимулација ќе добиваат само оние семејства кои заедно со децата постојано живеат во РМ.
6. Во случај семејството да се отсели од РМ семејството е должно примената стимулација да ја врати со пресметана 2% годишна камата.
7. Стимулација ќе изнесува 30€ месечно за секое новородено дете во денарска противредност до навршување на 18 годишна возраст.
И на крај ги канам сите заинтересирани и загрижени за решение на проблемот со наталитетот во РМ на дијалог.

 Битола
23.09.2014 г.

Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2014 Rade Bozinovski

Sunday, August 10, 2014

Земјоделието како база за побрз и стабилен економски развој на Република Македонија

Автор Раде Божиновски

дипл. економист во пензија

Непојмливо е за жителите на РМ како е можно по толку помонати години од осамостојувањето на РМ и промената на еконоско-политичкиот систем, земјоделското производство и добиениот доход од него да биде на толку ниско скалило. За таквата состојба веројатно влиаеле разни фактори. Но сега, јас мислам, ако се сакаме себеси и иднината на младите поколенија во нашата држава, сите релевантни чинители во државата да го свртат вниманието кон основната база за стабилен и побрз економски развој – земјоделието.
Со зголеменото внимание и инвестирање во земјоделието не треба да се намали интересот за инвестиции од надвор, бидејќи тие носат и технолошки напредок. Со оптимално користење на домашниот потенцијал за зголемување на вработеноста и националниот доход, угледот на нашата држава ќе се зголеми кај потенцијалните надворешни инвеститори. Со инвестирањето во домашните ресурси многу повеќе ќе расте вработеноста и националниот доход во државата, а со тоа ќе растат и личните доходи на вработените.
Затоа предлагам релевантните државни институции во содејство со стопанските комори и стручните земјоделски здруженија да ги превземат следните дејствија:
1.        Да се изврши стручно и брзо реонирање на земјоделските површини во Македонија. Со реонираето на производни реони и подреони, позитивен одраз ќе има во квалитетот и квантитетот на производите од единица површина.
2.        Да се изврши брзо и безплатно педолошко испитување на земјоделските површини, за да се изработи педолошка карта во Македонија. Изработката на педолошката карта ќе има влијание во намалувањето на трошоците во производството и во подобрување на квалитетот на производите.
3.        Да се донесе правна регулатива за активирње на целиот земјишен фонд во државата во производни цели. Со вклучување на целата земјоделска површина во производни цели, ќе може да се очекува целосна реализација на програмата за развој на земјоделието на РМ. Законските прописи да го пропише следното: Сите сопственици на земјоделско земјиште се обврзуваат редовно секоја година да го обработуваат своето земјоделско земјиште, а доколку не се во можност тоа да го чинат потребно е истото да го понудат на агенцијата за унапредување на земјоделието со седиште во Битола, со согласност истото да биде понудено на земјоделци кои сакаат да обработуваат повеќе земјиште. Со законот агенцијата е обврзана да анимира прку огласи заинтересирани земјоделци. Агенцијата е должна да посредува во потпишувањето на договорите меу закупците и закупецодавачот. Поседувачите на необработено земјоделско земјиште се должни во одреден рок да го рпијават земјиштето во агенцијата, а ако тоа не го сторат истите ќе се санкционираат.
4.        Целокупното арско ѓубриво и сите органски одпадоци во Македонија да се претвараат во хумус, преку одгледување на калифорниси црвја. Одгледувањето на калифорниски црвја е најголемиот потенцијал за брз и голем економски раст во РМ. Со одгледувањето на црвјата покрај добивање на најквалиттното ѓубриво хумус, се добива и протеинска храна месо од црвјата како директна храна за риби, прасина, бројлери, кокошки несилки, а преку преработката на црвјата протеинско брашно за правење концентрат за исхрана на стоката. Амерички стручни лица од оваа проблематика се имаат произнесено дека доходот добиен од одгледување на калифорниски црвја може да се споредува само со доходот добиен од електрониката.
5.        Да се зголеми производството на сите врсти месо: говедско, свинско, пилешко и преработните од месо до потребите на пазрот во РМ. За да се изврши супституција на увозот на овие производи. Македонија не смее да продолжи со таков „луксиз“ како земјоделска земја, грото месо да го увезува, а увезуваме и од индустриски најразвиените земји во светот Германија и Австрија. Во РМприродните услови за одгледување на поголем број овци и кози е идеален. Квалитетните млечни прозиводи од овци и кози на светскиот пазар се дефицитарни. За сегашните количини на јагнешко и јарешко месо има пазар. За зголемените количини на јагнина и јарина се отвара големиот кинески пазар. Зголемениот број на стари овци и кози преку преработка во сушено месо ќе можат да најдат пазар во арапскиот свет и пошироко како и на домашниот пазар. Кожите претставуваат одлична сировина за зголемен развој на кожарската индустрија во РМ. Волната и козината претставуваат база за поширок развој кај текстилната индустрија за волнени покривки (ќебиња), килими со врзалки и домашни ракотворби од домашни сировини. Проблемот кој често се изнесува како ограничувачки фактор за развој на тој вид сточарство се овчарите но, доколку се подобрат условите на овчарите и козарите во сите сегменти, проблемот ќе изчезне. За рентабилно сточарство неможе да се зборува без воведување на расов состав на добитокот, а кај овците преку вкрстување на домашната раса со попродуктивни како аваси и други раси. Затоа се наметнива прашањето за формирање на центар за одгледувње на расов добиток во РМ. Центарот треба без наплата да врши осеменување и вкрстување на добитокот.
6.        Да се донесе правна регулатива за брзо окрупнување на малите земјоделски парцели во целата држава. Со окрупнувањето на малилте парцели ќе се намалат производните трошоци по единица производ, а со тоа нашите земјоделски производи ќе бидат поконкурентни на ино пазарите. Исто така со разорувањето на меѓите ќе се добие и нешто поголема површина. Окрупнувањето на земјоделското земјиште да се реализира преку формирање на блокови, формирање на задруги, комасација и откуп. Откупот на замјоделски парцели може да се врши со сопствен капитал и со добивање на бенефицирани кредити од фонд на државата.
7.        Да се зголеми производтвото на поинтензивни земјоделски производи, како и производство на тритикалето. Како поинтензивни култури што во Македонија можат добро да успеваат се: ориз, компири, памук, кикири, сусам, наут, шеќерна репа, лешта, семенски материја, афион, аронија, киви, лешници, ореви, јапонско јаболко, вишни, малинки, капинки, грозје за сушење, смокви за сушење и др. Со зголемување на поинтензивни култури, доходот по единица површина во споредба со житните култури ќе се зголеми во просек за неколку пати. Со зголемувањето на производството на тритикалето (тоа успева на посиромашни и посуви површини, а дава поголем принос од хектар површина од пченицата) се овозможува во Македонија да се производува интегрално брашно и интегрален леб за кое што е заинтересиран пазарот во Македонија.
Семенскиот материјал потребно е да се произведува во кооперантски односи со странски фирми (САД, Холандија, Германија и др.) Со ангажирањето на сите релевантни фактори во РМ извозот на наливно вино (сировина во цистерни) да се замени со извоз на амбалажирано вино, кое не само што ќе го зголеми девизниот прилив за неколку пати, а тоа ќе овозможи порелаксирани услови за откупните цени на винското грозје, односно можност за повисоки откупни цени. За обезбедување на земјоделците со квалитетен и со добри цени посадочен материјал, потребно е со државно приватен капитал да се формира центар или центри во РМ.
8.        Да се зголеми производството на сточна храна према потребите на сточартвото. Со производството на доволно количество сточна храна ќе се стабилизира цената на истата, а со тоа се обезбедува и стабилен развој на сточарството. Здруженијата на рибари заедно со државата да создаваат услови за производство на домашна храна за риби.
9.        Воведување на планско производство на поважните земјоделски производи со гарантирање на минимална откупна цена. Со воведувањето на планското производство на поважните култури, ќе се обезбеди стабилно земјоделско производство со стабилни цени и стабилен доход.
10.    Изнаоѓање на употребна вредност на волната и козината, како на пример: изработка на килими со врзалки (персиски), изработка на покривки – волнени ќебина, рачни изработки и др. Со изработка на производи од волна и козина ќе се подобри доходовноста на сточарството и зголемување на доходот на Македонија од домашни сировини. За производство на волнените покривки (ќебиња), за испредување на потката, веројатно ќе треба некоја количина на помека волна да се увезува од Нов Зеланд.
11.    Изготвување план со постапно реализирање за зафаќање на сите истечни води во акомулации во Македонија со забрзано воведување на наводнување „капка по капка“ со поддршка на државата. Без наводнувае нема стабилност во приносите на земјоделските култури.
12.    Пчеларството со поголема помош од државата и едукација на пчеларите за да стане подоходовно, треба да се користат сите пчелни производи: мед, млеч, полен, прополис, пчелин отров, матици и восок. Со зголемување на доходовноста на пчеларството ќе се зголеми масовноста на пчеларите одгледувачи како и бројот на пчелните семејства. Во Македонија има природни услови за двократно и повеќе зголемување на пчелните семејтва. Со зголемување на бројот  и количините на пчелните производи ќе се овозможи и индустриска преработка на истите и проширувае на пазарот надвор од РМ.
За успешно да се реализира сето напред искажано, потребно е да се води долгорична стабилна економска политика према земјоделието од страна на сите чинители во државата.
При промена на партискиот состав во владата не смее да има промена на земјоделската политика на државата кон влошување на условите  за стопанисување на земјоделците. Тоа практично доаѓа како консензус меѓу партиите, а тоа би требало да егзистира во реалноста.
За целосна и брза имплементација на програмата за развој на земјоделието, државата треба да биде целосно активна во секој поглед.
Едукација на земјоделците
1. Едукацијата за одгледување на калифорниски црвја и производство на хумус - биоѓубриво, потребно е запознавање на потенцијалните производители  во подробности, ако сакаме  да дојдеме до брз и целосен успех. Веројатно е дека ќе има потреба и од практични семинари кај некои одгледувачи на калифорниски црвја.
2. Едукација треба за сите култури кои се или ќе се произведуваат во РМ освен традиционалните. Едукацијата треба да го опфаќа целиот процес од садење до берење и вскладиштување.
3. Јас мислам тритикалето може да биде потенцијална основа за производство на диетален леб во РМ и заслужува земјоделците да имаат поголеми сознанија за него. Имам сознанија дека Полска има големо производство на тритикале.
4. Во пчеларството се е познато, но за да го подигнеме да биде подоходовно, потребно е сите пчелни производи да се собираат и изнесат на организиран пазар. Доходот по пчелно семејство неколкукратно ќе се зголеми.

Заклучок:
Ако се реализира програмата за развој на земјоделието во релативно краток период ќе се постигнат следните резултати:
1.      Невработеноста во Македонија може битно да се намали.
2.      Годишната стапка на пораст на националниот доход во државата може да достигне и над 6%.
3.      Минусната трговска разлика со странство во голема мера ќе се подобри.
4.      Во Македонија ќе се создадат услови за изградба на нови индустриско преработувачки и сместувачки капацитети како и проширување на постојните.
5.      Со евентуално зголеменото производство на тритикалето и изградба на млин за производство на интегрално брашно ќе се создадат  услови за производтсво на интегрален и диабетичен леб за задоволување на потребите на пазарот во Македонија со поволни цени.
6.      Со омасовување на одгледувањето на калифорниските црвја и производство на големи количини хумус и протеинско месо од црвјата се создаваат услови за:
·        Зголемување на производството на еколошка храна;
·        Добри количини од хумусот да се извезат;
·        За помалите сточарски фарми извор за дополнителен доход:
·        Супституирање на увозот на протеинско брашно како компонента на концентратот за исхрана на стоката;
·        Супституирање на дел од увозот на вештачко ѓубриво.
·        Органските отпадоци наоѓат употрбна вредност и нема да загадуваат.
·        Со претворањето на свинскиот измет во хумус се прави голем еколошки допринос.
7.      Во голема мера ќе се намалат социјалните случаи и сиромаштијата во Македонија.
Писаниево го направив од преголемата желба и јас да допринесам за економскиот напредот на РМ.

Ги повикувам сите заинтересирани за економскиот напредок на РМ за евентуални забелешки или критики на моево писание да се јават преку интернет или мене лично. Јас сум спремен за полимизирање со стручни лица за оваа проблематика прку интернет или лично.



Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2014 Rade Bozinovski

Friday, February 3, 2012

Унапредување и модернизација на земјоделството

-->
УНАПРЕДУВАЊЕ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ
НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија

Овде излагам мои размислувања со предлог мерки за забрзан развој на економијата во Република Македонија, зголемување на вработеноста, намалување на сиромаштијата во државата, а сето тоа да се реализира во главно со сопствени сили.
Основа на ова мое размислување е аграрниот потенцијал на Р.Македонија. Од сите активности што се превземани од страна на државните институции на чело со Владата, исто така може да се заклучи дека аграрот претставува голем потенцијал за економскиот развој на државата и во тој правец е насочена политиката на државата. Затоа моите размислувања и предлог мерки треба да се подразберат како дополнение на државниот концепт – мерки.
Моите размислувања со предлог мерки се состојат во следното:

1. Реонирање на земјоделските површини.
Незамисливо е напредно и рентабилно земјоделско производство без да се изврши реонирање на земјоделските површини во Р.Македонија. Со реализирање на оваа мерка се зголемува квалитетот и квантитетот на земјоделските производи по единица површина. Покрај одредувањето на главните реони се одредуваат подреони каде и кои земјоделски производи да се одгледуваат. За да се почитува глобално реонизацијата, државата може да допринесе преку воведување на разни економски мерки. Ќе наведам само неколку примери на природни реони. Во ресенскиот роен да се произвдедуваат јаболка, во тиквешијата грозје, прилепско тутун, кочанско ориз, струмичко-валандовско-гевгелискиот смокви, киви, ран зеленчук, кикири, памук, сусам, јапонско јаболко, во малешевијата малики, капинки, аронија, црни сливи итн.
2. Активирање во обработка на целокупната земјишна површина во Р.Македонија.
Потребно е целокупната земјоделска површина со која располага Р.Македонија да се стави во функција да носи доход.
Превземени се сите мерки од државата за активирање на земјоделските површини во сопственост на државата. Јас предлагам и земјоделските површини во приватна сопственост да бидат целосно активирани кои претставуваат многу десетици илјади хектари. Причините за необработката на толкави површини се одамна познати, но никако не е оправдано таков потенцијал да остане неискористен. Сопствениците на тие површини се отселени од нивните огништа по потрага на подобар живот во странство или во градовите низ Р.Македонија. Старите огништа во голема мера се сосема празни или ако има некој останато, тие се стари и неспособни за работа. Во исто време преку сите медиуми државата да даде појаснување која е целта на таквата акција и каква ќе биде придобивката од позитивниот одзив на таа акција. По средување на податоците од таа акција државата преку објавување на огласи да побара потенцијални баратели на земјоделско земјиште за образботка. Предноста во добивање на земјоделско земјиште за обработка под закуп треба да имаат соселаните на земјосопствениците. Оваа акција државата треба да ја поддржи финансиски (кредити со поволни услови), а на новопојавените млади фармери да им се дава неповратни парични средства.
Од статистичките податоци се гледа дека безработицата во руралните средини била многу голема и имало земјоделци со недоволна земјоделска површина за нормална егзистенција. Добро би било со оваа акција да бидат опфатени што поголем број земјоделци, иако ваквата мерка отстапува од пазарното стопанисување.
3. Педолошко испитување на земјишните површини.
Заради важноста, педолошката карта за земјишните површини во Р.Македонија мора да се изработи многу брзо со 100% учество на државата во трошоците. Примероците од земјишните површини да се земаат стручно од поголеми површини во зависност од својствата на земјиштето гледано органолептички, а не од малите сопственички парцели. Важноста од познавањето на педолошкиот состав треба стручните лица да ја знаат.
4. Окрупнување на земјоделските парцели.

Окрупнувањето на земјоделските парцели кои се многу расцепкани мора да се изврши, доколку сакаме конкурентноста на производтсвото од тие парцели да ја зголемиме преку намалувањето на трошоците за обработка. Окрупнувањето не трпи одлагање и треба да се спроведе во цела држава. Окрупнувањето може да се спроведе преку формирање на задруги, самоздружување на повеќе сопственици со формирање на блок со еден заеднички имотен лист и со размена на парцели. Треба и тоа да се појасни дека со здружување на парцелите се бришат меѓите, а со тоа се добива и поголема површина за обработка. Државата треба да даде голема поддршка и позитивно да влиае преку стимулациите за земјоделието.
5. Форсирање производство на поинтензивни култури.
Климатските услови во Р.Македонија овозможуваат во земјоделието да се одгледуваат голем број на поинтензивни култури кои во моментов не се производуваат или се произведуваат во мали количини. Тоа ќе овозможи од единица површина да се добие значително поголем доход со вложување на поголем труд. Ова ќе допринесе за олеснување на безработицата во Р.Македонија. Како поинтензивни култури од житариците се: малинки, капинки, аронија, киви, компири за индустријата, смокви за сушење, грозје за сушење, кикири, јапонски јаболка, памук, лешници, ореви, шеќерна репа. Сите овие производи би се продавале како на домашниот пазар така и на странските пазари.
6. Стратешки прехрамбени производи.
Несфатливо е за секој граѓанин, а и за мене како е можно многу години наназад држава која е претежно земјоделска како Р.Македонија да нема доволно сопствено производство на неколку основни стратешки прехрамбени производи. Затоа е потребно веднаш да се изготви план како ќе ги задоволиме домашните потреби од јунешко месо, пилешко месо, свинско месо и преработки од месо. Исто така е многу важно да се зголеми производствот на слатководна риба, да се стабилизира производтсвото на кравјо млеко и да се засади доволно шеќерна репа за да проработи фабриката за шеќер во Битола со полн капацитет. Неоправдано е да се трошат девизни средства за увоз на гореспоменатите прехрамбени производи, при условите што ги имаме и големата безработица во Р.Македонија.
7.Воведување на планско земјоделско производтсво на поважните земјоделски производи.
За да се обезбеди нормална продажба на земјоделските производи, а со тоа и постабилни цени, потребно е да се воведе планско годишно и долгогодишно производтсво на поважните земјоделски производи во Р.Македонија. Како поважни актуелни земјоделски производи може да се сметаат следните: јаболката, грозјето, тутунот, оризот, кромидот, ранскиот и полуранскиот зеленчук, индустриската пиперка, тратешките прхрамбени производи наведени во точка 6 и др. Голем ефект би имало во изнаоѓање на стратешки пазари за извоз на овие земјоделски производи, ако се ангажираат и високи функционери и економските промотори на нашата држава.
8. Лимитирање на земјоделското производство на некои прехрамбени производи.
Моја препорака е производтството на јунешко месо, пилешко месо, свинско месо, месни преработки и кравјото млеко да се димензионира до внатрешните потреби на нашата држава. Заради големото производство на овие проиозводи во земјите на ЕУ извозот во ЕУ би бил многу отежнат.

9. Формирање на центар за производство на посадочен материјал.
За да се задоволат потребите на земјоделството со квалитетен, количински доволен и со добра и стабилна цена, државата во содејство со приватен капитал ќе поддржи или ќе отвори центри за такво производство.
10.Хумус – еколошко гноиво.
Голем економски потенцијал претставува производтството на еколошко гноиво, производ на калифорниските црви, преработувајќи го арското ѓубре и сите органски отпадоци од земјоделството и индустријата. Вложувањата за одгледување на калифорниски црви е минимално, а минимална е работната рака околу производството на хумусот од црвите. Од 1 t превриено арско ѓубре со преработката од црвјата се добива 600 kg хумус – еколошко ѓубриво. Хумусот е неколку пати поефикасен од арското губриво, а е рамно на хемиското ѓубриво по пишувањето на литературата. Хумусот не прави плевел како што прави арското ѓубриво, а квалитетот на родот третиран со хумус е многу поголем и порано созрева за неколку дена. Третираните насади со хумус се поотпорни на болести и штеточини и се добива количински повеќе плод од единица површина. Калифорниските црви претворајќи го свинскиот измет во хумус допринесуваат за чиста околина. Исто така преработувајќи ги отпадоците од прехранбената, целулозната и дрвната индустрија ја чистат околината и произведуваат хумус. Месото од калифорниските црви претставува одлична храна за рибите, птиците и свињите. Месото преработено во протеинско брашна служи за добивање на концентрат за прихранување на стоката. Фамилиите кои се одлучуваат да одгледуваат калифорниски црви остваруваат доход преку производството на хумус и месото од црвите помал или поголем во зависност колку легла на црвите одгледува. Одгледувањето на црвите може да претставува дополнување на домашниот буџет, а ако одгледува 100-150 легла со црви може една фамилија да си обезбедува доход за егзистенција.
Затоа државата треба здраво да се ангажира во ширењето за одгледување на калифорниските црви, преку едукација на населението за омасовување на одгледувањето. Врвен ефект ќе биде целото арско ѓубре во Р.Македонија да се претвара во хумус и да најдат егзистенција илјадници фамилии. Ако се задоволат потребите на домашниот пазар со хумус, вишокот може многу лесно за добри пари да се извезува.

11. Сточна храна.
Невозможно е рентабилно сточарење ако нема доволно и добри цени сточна храна. Државата треба се погрижи секаде каде има можност, сточарите да ги обезбеди со доволно земјоделски површини за да сточарите сами да си ја произведуваат грото сточна храна. Државата да си најде механизам компонентите кои треба да се увезуваат да бидат во поголеми контигенти за постигнување на подобра цена. За рибите треба да се најде решение храната да се произведува во Р.Македонија, а не да се увезива. Државата да влиае секаде каде што има услови за наводнување да се сее втора култура за производство на силажа како сточна храна.
12. Сточарство.
Природните услови и невработеноста во Р.Македонија даваат можност за одгледувањето на овците да се зголеми до 3.000.000 грла, козите до 1.000.000 грла, а говедарството и свиногојството до задоволување на домашните потреби од месо и млеко.
За рентабилно сточарство потребно е да се води сметка за расовиот состав. За покривање на трошоците кај овците и козите примарно треба да биде млекото, а месото да биде секундарно. Ако ова се обезбеди, продажбата на месото на домашниот и странскиот пазат ќе биде олеснето, бидејќи цената ќе може да се прилагодува према понудата и побарувачката на пазарите. Воедно нагласувам дека зголемениот број на овци и кози ќе го зголеми производството на јагниња и јариња, а тоа ќе бара и нови пазари како што се муслиманските држави. За муслиманските пазари јагнежкото месо треба да се пореработува и во форма на сувомеснати производи и да се извезува заради транспортните трошоци на пресното месо.
На волната и козината мора да им се најде употребна вредност за да го зголеми рентабилитетот на сточарството. Моето размислување во консултација на стручни лица за волна, може ефективно да се употреби во текстилната индустрија за производство на покривки – ќебиња во комбинација со новозеландска волна во сооднос 50:50. Исто така волната може да се употрби во производтсвото на килими со врзалки. Волната и козината може да се употребат во изработка на разни домашни ракотворби.
13. Центарт за одгледување на расов добиток.
За да се обезбеди одржување на стабилно расово сточарство, неминовно е отворање на центар за произвотство на расплоден расов добиток. Преку центарот треба да се обезбеди бесплатно оплодување на приватните фарми со квалитетен расплоден материјал.
14. Наводнување.
Без наводнување нема стабилно земјоделско производство, посебно ако годишниот воден талог не е распореден порамномерно во летниот период како што е во Р.Македонија. Затоа е потребно изградените системи за наводнување да се доведат во исправна состојба, да се направи план за изградба на нови зафаќања на истечната вода во државата и план за зголемување на наводнувањето по системот капка по капка каде се врши заштеда од 70% на потрошената вода.
15. Формирање на државна лабораторија за испитување на квалитетот на млекото.
За да се обезбеди стабилност во податоците за квалитетот на млекото, потребно е лабораторијата да биде под државна капа.

16. Пчеларството во Р.М. има одлични услови за развој, но бројот на пчелните семејства е далеку од оптимално можното. Бидејќи оваа гранка е многу важна и неопходна за растителниот свет, а плус таа дава и големи приходи преку користењето на сеопфатниот асортиман пчелни производи, потребно е државата да даде поголема помош во секој поглед за оптимализација на оваа гранка во Р.М.
Со зголемувањето на бројот пчелни семејства од една страна и зголемувањето на асортиманот на пчелни производи од друга страна се создаваат услови за индустриска преработка на сето пчелно производство. Тоа ќе овозможи доходот од пчеларството неколкукратно да се зголеми, пазарот да се прошири и олесни пласманот, бидејќи ќе има зголемен број на конзументи, заради зголемениот асортиман на готови пчелни производи.

17. Откуп на тутунот.
Бидејќи при проценката на квалитетот на тутунот можат да се појават разни малверзации во класите, тежината, примесите и влагата, потребно е при секој откупен пинкт да има државно стучно лице.
18. Едукација на земјоделските производители.
За стабилно, рентабилно и зголемено земјоделско производство, потребно е да се едуцираат земјоделците усно и во писмена форма за следното:
  • Производтсвото на малинки, капинки, аронија, глозје за сушење, смокви за сушење, кикири, соја, наут за леблебии, тритикале, памук, сусам, шеќерна репа идр.
  • Одгледување на ноеви, полжави, јунина за месо.
  • Производство на хумус добиен со одгледување на калифорниски црви.
19. Стопанска политика.
За посигурна реализација на сето напред искажано потребно е државата, без разлика од кои партии е сочинета владата, потребно е да вади долгорочно стабилна политика кон аграрот.
РЕЗИМЕ

Ако се реализира моето размислување и предлог мерки во ова писание за унапредување на аграрот во целост, можно е во релативно краток период да се постигнат следните резултати:
  1. Невработеноста во Р.Македонија да се преполови.
  2. Годишниот стопански раст да достигне и до 10%.
  3. Минусната трговска размена со странство во голема мера да се намали.
  4. Ако тритикалето се вклучи во исхраната на населението преку диетални прехрамбени производи, а производството на тритикалето да се зголеми (тритикалето дава добри резултати и на посиромашни земјишни површини) можно е Р.Македонија да се ослободи од увоз на пченица.
  5. Во Р.Македонија ќе се создадат услови за изградба на нови индустриско преработувачки и сместувачки капацитети и проширување на постојните.
  6. Со омасовувањето на производството на хумусното гноиво преку одгледување на калифорниски црви, се создава голема и основна база за зголемувањето на производството на еколошка храна во Р.Македонија.
  7. Во голема мера ќе се намалат социјалните случаи и сиромаштијата во Р.Македонија.

Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2011 Rade Bozinovski