Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија
Лозарството во Република Македонија како гранка од
земјоделието е доста развиена и со голема историја. За комплетирање на
асортиманот покрај винското и трпезното грозје, потребно е да се засади посебна
сорта на грозје без семки за сушење за производство на суво грозје. Винското
грозје во Република Македонија е водечко по количини и затоа нашата држава е
голем производител на квалитетни вина.
Виното е девизен артикл и за да се максимизира
девизниот производ, потребно е да се доработи и амбалажира целата количуна на
вино, а не да се извезува во рефузна состојба.
За да се финализира целата количина или
главнината, потребно е ангажирање на државни органи во содејство со здружението
на винариите, што не е едноставно.
Со зголеменото финализирање на количините на
виното и реализирање на извоз ќе се зголеми девизниот финансиски ефект. Покрај
зголемениот финансиски ефект ќе се постигнат и следните придобивки:
- зголемено ангажирање на транспортот;
- порелаксирани услови за договарање на откупните цени на грозјето;
- зголемено вработување и
- зголемена можност да проработи стакларницата во Скопје.
Евентуалното производство на суво грозје во
Република Македонија, паричните средства би претставувале во целост девизен
ефект од извозот и супституција на увозот на сувото грозје.
Спремен сум за евентуален дијалог.
21.09.2017
Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2017 Rade Bozinovski