Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија
1. Со одгледувањето на
калифорниските црвја се добива најквалитетното ѓубриво – хумус преку исхраната
на црвјата со арско ѓубре и сите одпадоци од органско потекло од индустријата и
земјоделието.
2. Преку преработката
(исхраната) на изметот од свињите и живината како и одпадоците од лозјата и
овошките и картонската амбалажа, калифорниските црвја допринесуваат за поздрава
и почиста животна средина.
3. За одгледување на
калифорниски црвја вложувањата се релативно мали во однос на добивката од нив.
Добивката може слободно да се каже дека може да се мери само со добивката од
електрониката. Ова е констатација на амерички финансиски стручни лица.
4. Бидејќи калифорниските
црвја многу брзо се размножуваат (на секои три месеци леглата се дуплираат) и
капиталот многу брзо се оплодува.
5. Со евентуалното
одгледување на калифорниски црвја во сточарските фарми, на фармите во голема
мера им се поправа финансиската положба.
6. Одгледувањето на
калифорниски црвја ангажира многу малку работна сила.
7. Калифорниските црвја се
одгледуват во таканаречени легла со димензии: должина 2 m, ширина
1 m и висина 0,35 m. Во едно легло се сместуваат 100.000
црвја, 1/3 возрасни, 1/3 мали црвја и 1/3 јајца од црвја. Главен ограничувачки
фактор за запирање на ширење на фармите за одгледување на калифорниски црвја е
ресурсот од арското ѓубре. Со прекратување на ширењето на фармата за
одгледување на црвја, фармерот црвјата ги употребува како храна за стоката
наместо во легла за репродукција. Едно легло со црвја годишно конзумира 1 тон
прегорено арско ѓубре, а произведува 600 kg хумус и
120 kg црвја за исхрана на стоката. Црвјата се одлична храна за риби,
живина и прасина, а преработена во фабрика како протеинско брашно се употребува
во концентрат за исхрана на стоката.
Табеларен
преглед на развојот на фармите за одледување на калифорниски црвја
Во прегледот со цифрите за
полесно воочување на растот цела Р. Македонија е прикажан како да е една фарма
за одгледување на калифорниски црвја и ако тоа не е и неможе да биде, бидејќи
арското ѓубре не е на едно место и интересот на луѓето за одгледување на
калифорниски црвја е низ цела територија на Р. Македонија.. Затоа со омасовувањето
одгледување на калифорниски црвја практично ќе се појават неколку илјади фарми
(одгледувачи) во цела Р.Македонија од мали, средни до големи фарми. Бидејќи ќе
се појават голем број на одгледувачи, потребо е да се формираат фирми за
опслужување на фармите за откуп и пласман на хумусот и црвјата како месо и
легла и снабдување на фармите со репро материјал и опрема. Фирмите во прво
време можеби е подобро да се државни или со мешан државно-приватен капитал.
Државата треба да превземе
печатење на пишан материјал за едукација на заинтересираните како се
одгледуваат црвјата и како се употребува хумусот во земјоделството и што е
неговата предност над шталското и вештачкото ѓубре.
Бидејќи поголемиот дел од
хумусот (после петтата година од развојот е наменет за извоз, потребно е добро
проучување на надворешниот пазар. Цената на надворешниот пазар на хумусот се
движи ориентационо од 200 до 250 € за 1 тон, во зависнотст од квалитетот на
хумусот.
Во Р.Македонија можно е
ориентационо да се оформат по петтата година од развојот 5.000.000 легла,
бидејќи се смета дека ориентационо има 5.000.000 тони арско ѓубре и разни
одпадоци од органско потекло.
Годишното производство
после петтата година од развојот на хумус ќе изнесува 3.000.000 тони.
Ориентационото количество за домашна употреба во земјоделството би била
1.000.000, а остатокот од 2.000.000 тона ќе биде наменет за извоз.
Целата количина на црвја до
петтата година од развојот ќе биде ангажирана за развој, а после петтата,
количината на црвја за месо ќе изнесува 600.000 тони и сета количина ќе се
употребува за исхрана на стоката.
Извор на моите сознанија за
одледување на црвја и хумусот е печатената стручна литература на издаваќката
куќа „Нолит“ од Белград во 1984 г. по раководство на Милутин Митровиќ
„Лумбрикултура гајења глиста“.
Весникот „Аграр“ кој
излегуваше пред неколку години имаше објавено дека цените во Европа се движат
од 200-250 € за 1 тон зависно одквалитетот, а цената на едно легло со црвја се
движело 50 €.
Ако се почне во РМ во
развојот со 2500 легла од црвја за 5 години би изгледало идеално вака: 2.500,
5.000, 10.000 / 10.000, 20.000, 40.000 / 40.000, 80.000, 160.000 / 160.000,
320.000, 640.000 / 640.000, 1.280.000, 2.560.000/ 2.560.000, 5.120.000/
Петтата година би ја
завршиле со 5.000.000 легла и фактички добивта од 5 милиони легла ќе ја имаме
од шестата година. Дуплирањето на леглата е на секои 3 месеци, освен трите
зимски месеци кои се сметаат за непродуктивни. Првите две години од развојот не
може да се очекува голем позитивен резултат. Третата, четвртата и петтата
година има добар позитивен резултата, а најголем позитивен резултат е во
големениот број на легла без да се ангажираат финансиски средства како за
почетните 2.500 легла.
Најголем позитивен ефект од
црвјата ќе се добие во шестата година и сите наредни години, бидејќи дотогаш
голем дел од позитивниот резултат беше ангажиран во развојот односно
зголемување на бројот на легла.
Затоа предлагам да го
споредиме приходот за нашата држава од црвјата во шестата година со замислено
отворање 300 нови фабрики од надворешни инвеститори, со просечно 500 работници,
со просечно годишно бруто личен доход од 5000 €. Позитивниот резултата ќе биде
неверојатно идентичен.
Производ
|
Количина во тони
|
Цена по тон во €
|
Доход во €
|
|
доход
|
Хумус за извоз
|
2.000.000
|
200
|
400.000.000
|
Хумус заа домашни потреби
|
1.000.000
|
100
|
100.000.000
|
|
Месо од црвја
|
600.000
|
500
|
300.000.000
|
|
вкупно
|
800.000.000
|
|||
расход
|
Арско ѓубре и одпадоци
|
5.000.000
|
10
|
-50.000.000
|
Вкупен доход
|
750.000.000
|
|||
Број на фабрики
|
Број на работници по фабрика
|
Вкупен број на работници
|
Просечен годишни издаток за еден
работник во €
|
Годишен издаток за надворешните
инвеститори во €
|
300
|
500
|
150.000
|
5.000
|
750.000.000
|
Затоа Македонија треба
повеќе да се сврти за ефектуирање на внатрешниоте ресурси, а не само да чека
некој од надвор да се смилува и да отвори фабрика кај нас.
Напоменувам дека
проблематиката со одгледувањето на калифорниските црвја е комплексна и за да
успее, потребно е да се заангажират сите релевантни фактори во државата.
Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2015 Rade Bozinovski