Автор Раде Божиновски
дипл. економист во пензија
1. За
решавање на така наречената бела чума во РМ потребно е државата да донесе закон
за стимулирање на новородени деца.
2.
Законот да биде стимулативен само до три деца во семејството, бидејќи на повеќе
деца тешко ќе биде родителите да им дадат целосна родителска љубов и нега за да
ги изведат децата на прав пат. Во денешно време белиот свет е полн со
турболенции и разни пороци, па ќе биде многу тешко повеќе деца во семејството
да бидат под родителска контрола.
3. Со
законот за стимулација се стимулираат само новородените деца од неговото
стапување на сила, а за родените деца пред донесувањето на стимулативниот закон
не се добива стимулација.
4. За
добивање на стимулција, родителите треба да потпишат за самоограничување до
3-три деца, а во случај на пречекорување на тој праг, стимулацијата ќе се
изгуби и обврска ќе биде дотогаш добиената стимулација семејството да ја врати.
Фактички во пракса ќе има семејства кои ќе добиваат стимулација за 3-три деца,
за 2-две деца или за 1-едно дете во зависност од тоа дали семејството имало
деца и колку кога стапил стимулативниот закон на сила.
5.
Стимулација ќе добиваат само оние семејства кои заедно со децата постојано
живеат во РМ.
6. Во
случај семејството да се отсели од РМ семејството е должно примената
стимулација да ја врати со пресметана 2% годишна камата.
7.
Стимулација ќе изнесува 30€ месечно за секое новородено дете во денарска
противредност до навршување на 18 годишна возраст.
И на
крај ги канам сите заинтересирани и загрижени за решение на проблемот со
наталитетот во РМ на дијалог.
23.09.2014 г.
Сите права ги задржува Раде Божиновски
Copyright © 2014 Rade Bozinovski